Најмалку седумдесет луѓе се повредени откако пет вагони од патнички воз излетаа од шини во Новосибирск-Адлер во Кубан.
Нема информации за жртви. Шестмина од повредените се во критична состојба, јавуваат руски медиуми.
Најверојатно причина за несреќата е вонредно запирање откако машиновозачот забележал деформации на пругата. Според локалните медиуми, не се разгледува варијанта за терористички акт.