Повозрасните знаат – за помладите еве рецепт – Јајца на вода – Чалбур со кисело млеко


2013-02-08_20-20-43-18d784-800x600

Состојки

  • 4 јајца
  • 500 гр. кисело млеко
  • 2 чешниња лук
  • малку зејтин, сол, црвен пипер, буковец, магданос

Порталот мои рецепти повторно со еден стар, малку подзаборавен но превкусен рецепт – ви го пренесуваме и ние.

Подготовка

Ова е многу старо јадење струмичко дојрански крај, го има и во други краеви, има многу рецепти и варијанти, а името му е ЧАЛБУР. Станува збор за јајца на вода, толку актуелни во светот.

2013-02-08_20-30-18-e3a102-300x300Прекрасно старинско јадење, а брзо и едноставно се подготвува, посебно е убаво за лето.
Овие рецепти засега ги има три. Најважно е варењето јајца во вода, кое за нас е вообичаено и лесно да го направиме, а по филмови може да видиме дека не е секаде така. Затоа благодарни да сме на нашите баби кои ни оставиле преголемо богатство.

1. Најпрво подготвувате лук и магданос, ситно сечени, а лукот толчен е поубав, ако имате време
2. Со сол измешано ги додавате во киселото млеко во еден сад за послужување, полудлабок, но планирајте да може јајцата да ги собере одозгора
3. Сега во врела вода ги спуштате јајцата како за на око и ги варите према ваш вкус, но подобро е да не се многу сварени
4. Ги вадите и ги ставате врз киселото млеко. Најубаво е жолчките да останат течни внатре, но сепак е до вкусот
5. Загревате зејтин и запржувате црвен пипер кој го преливате врз јајцата и киселото млеко. Одозгора може да ставите буковец.

2013-02-08_20-04-51-56a8a9-300x300Брзо, лесно, во секое време изводливо, а вкус кој ви ги враќа сите спомени од детството. Мерките може да си ги прилагодите како сакате, а јадењето бара и лебче и тоа е сé, уживајте…

Другиот рецепт наместо кисело млеко е со сирење, а третиот е малку повеќе како манџа, но исто со сирење и плус запршка со брашно…
Сите три рецепти го содржат главното, јајца на вода, со мали варијации прекрасни се и може да ги распределите како оброци, не во ист ден, секако… Овој е добар појадок, а за лукчето секако има решение. Вториот рецепт може да биде добра вечера и третиот рецепт вистинска гозба за ручек.

Добар апетит !

Прочитај повеќе: moirecepti.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1