Педесет и едно годишниот прилепчанец Демир Папоски загинал вчера откако бил прегазен од повеќе автомобили, дознава Курир.
Трагедијата се случила околу 21 часот на патот Градско-Скопје, во близина на наплатната рампа Градско, кога засега непознат автомобил удрил во Демир по што тој паднал на патот, а автомобилот заминал од местот на несреќата.
Повредениот прилепчанец, кој привремено живеел во Велес, останал да лежи на асфалтот, по што бил прегазен од уште неколку автомобили кои не можеле навреме да го забележат поради неосветленост на патот.
Прилепчанецот починал на лице место, а полицијата трага по останатите учесници во сообраќајката.
Kurir