Хотел-ресторан ќе никне во Вардар, веднаш спроти Градскиот трговски центар.
Така ќе изгледа третата галија, која за разлика од претходните две, нема да биде само место за ручек, туку ќе нуди и хотелско сместување за туристите. Ќе се разликува и по тоа што нејзината метална кострукција ќе биде обложена со дрво, изјавиле од фирмата која ќе стопанисува со неа за Телма телевизија.
Нема рокови кога најдоцна треба да бидат завршени и трите галии. Најбавно оди изградбата на најголемата, која истовремено ќе биде и хотел и ресторан поради комплексноста на проектот, велат од истата фирма.
Телма