На интернет поставени сите последни зборови на осудените на смрт во Тексас


Последните зборови на сите 500 погубени затвореници од 1982 година можат да се најдат на интернет страницата на Одделот за правосудство на Тексас.

1teksas500

Откако во 1982 година Тексас повторно ја воведе смртната казна, се бележат последните зборови на затворениците осудени прерано да го завршат својот живот заради своите злосторства.

Од неодамна тие се објавени на интернет страницата на Оделот за правосудство на Тексас, каде внимателно се сортирани по име, број и датум, пишува „Дејли Мејл“.

Имено, во Тексас со смртна казна се казнуваат повеќе луѓе отколку во било која американска сојузна држава, а на 26 јуни беше извржена 500-та „љубилејна“ егзекуција, па изјавите забилежени на страницата можат да послужат и како увид во навистина широк спектар на однесување на луѓето во последните моменти од нивните животи.

Poslednja-izjava

Многумина  тоа го користат за уште еднаш да ја нагласат својата невиност, други се исповедуваат, а постојат и оние кои во последните моменти ја прифаќаат својата казна и ја признаваат вината.

На пример, Чарлс  Баш, погубен на 30-годишна возраст  во 1986 година заради убиство на полицаец изјавил: „Го заслужив ова. На сите кажете им дека ги поздравувам“.

Како што се и очекувало во последните зборови имало и пораки до различни богови и божества, но и оние кои се обидуваат да елаборираат дека го одлежале своето, примерно се однесувале и дека чувствуваат дека казната која ќе ги снајде е непримерена: „ Речиси девет години размислував за смртната казна дали е тоа добро или лошо, и немам одговор. Но, не мислам дека светот ќе биде посигурно место без мене“, напишал Џефри Доти, погубен во 2001 година.

Сите изјави може да ги видите на следниот – ЛИНК 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1