Видео: Смртта на 9 годишно девојче спаси 60.000 луѓе – а со тоа се исполни и нејзината последна желба


Рејчел имала една желба за својот деветти роденден. Сакала да собере 300 долари за 15 луѓе да имаат чиста вода за пиење.

rachel1

Но успеала да собере само 220 долари, па и ветила на мајка и дека следната година ќе се потруди повеќе за да ги собере потребните средства.

Еден месец подоцна, Рејчел загинала во трагична сообраќајка, па нејзината желба останала неисполнета.

Но луѓето од цел свет слушнале за последната желба на Рејчел, па почнале да пристигнуваат донации од сите страни. Неколку месеци подоцна, се собрале повеќе од 1,2 милиони долари.

На годишнината од нејзината смрт, мајка и и бабата и дедото на Рејчел заминале за Етиопија за да се запознаат со некои од луѓето на коишто им помогнало ова несебично девојче. Таму наишле на неверојатно трогателна сцена.

Стотици луѓе ги пречекале со десетици натписи на коишто пишувало „Ви благодариме што ни обезбедивте чиста вода“, „Водата живот значи“.

-Нашата заедница и сите луѓе сме неизмерно благодарни на Рејчел. Нашата црква им посакува добредојде на семејството на Рејчел. Преплавен сум со емоции. Начинот на којшто и оддавате чест е прекрасен. Ве молам примете ја мојата огромна благодарност. Денес ни оддадовте огромна чест, изјави претставникот на организацијата во Етиопија.

rachel-Рејчел, изненаден сум од твојата желба да им помогнеш на луѓето како нас коишто живеат на другиот крај на светот. Ти на својот роденден ни подари најубав подарок. Ти ни овозможи живот, најскапоцениот подарок што некој може да го даде, вели еден од присутните.

Последната желба на ова мало девојче со огромно срце се исполни. Поради неа 60.000 луѓе од 100 села во Етиопија сега имаат чиста вода за пиење.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1