Љупчо Николовски-Фуфо му се враќа на пица бизнисот во Скопје.
Култното место „Галија“ од денеска повторно ќе биде сврталиште за скопјани. Познатиот скопски угостител повторно го отвори овој ресторан со ново име „ФуфоГалија“.
Познатата градска фаца во далечната 1984 година ја отвори првата пицерија во Скопје, потоа синџир пицерии кој го прошири и во Грција, а пред 4 години без објаснување замина од Македонија
Фуфо во интервјуто за “Вест” зборува за неговото враќање дома, за причините поради кои ги напуштил своите поранешни ресторани и за тоа што правел изминатите четири години.
Фото – Нетпрес