Направете си дома Фурнарини


Домашни фурнарини

  • Подготовка: 20 мин.
  • Готвење: 10 мин.
  • Вкупно: 1 ч 10 мин.

furnarinki

Состојки

  • 260 г брашно
  • 60 г пченкарно брашно
  • 80 мл масло за готвење
  • 160 мл вода (млака)
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 кесичка сув квасец
  • малку сусам, сол, црвен пипер, ким (за посипување)

Подготовка

  1. Подготвено тесто1.Замесете о тестото. Во сад измешајте ги сите потребни состојки за подготовка на тестото и месете се додека не добиете фина, компактна смеса. Тестото покријте го и оставете го да нарасне околу 30 минути.
  2. Исукано тесто2.Стасаното тесто поделете го на 3 дела и секој дел тенко расукајте го.
  3. Пресечено тесто3.Со помош на ноже за сечење пица, исечете го тестото на тенки стапчиња (за полесно, тестото првин префрлете го во плех за печење, па потоа сечете го).
  4. Фурнарини спремни за печење4.Префрлете ги стапчињата во намастен плех за печење и оставете ги да одморат 10-тина минути. Пред печење, намачкајте ги со малку вода и масло и наросете со сусам, сол и црвен пипер.
  5. Испечени фурнарини5.Печете во загреана рерна, на 230 степени, околу 10 минути водејќи сметка да не изгорат бидејќи не е потребно долго печење. Наросете сирење, кашкавал или сл. и сервирајте ги. Добар апетит!

 

Повеќе рецепти на – migusto.mk

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1