ФОТО/ВИДЕО: Торонто под вода, без струја илјадници граѓани


flooding-4-first-news-gta-jpg_144611

Улиците во Торонто се под вода, илјадници лица немаат електирна енергија, а се’ уште нема информација кога ќе прекинат поројните дождови кои го поплавија овој канадски град.
Нивото на водата во некои градови достига и до два метри.

Според локалните медимими граѓаните се во паника од поплавите, заглавени во домовите, не функционира ни метротото, а по улиците можат да се забележат превртени автомобили.

Засега нема информации за повредени или загинати.

floods-helicopter-view-macintosh-062113_lead_media_image_1

Над 300.000 луѓе во 2,6 милионскиот Торонто се без електрична енергија, јави локалната телевизија Си-Ти-Ви-Њуз.
Водената стихија остави илјадници луѓе заглавени во возовите до предградијата, додека спасувачките екипи работат на евакуација на патниците. На меѓународниот аеродром „Пирсон“ се одложени или откажани десетици летови.
Во градот Мисисога, кој е дел од „Големо Торонто“ со население од над пет милиони лица, без електрична енергија се околу 700.000 луѓе.
NetPress

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1