Kвалитетот на сите 18 примероци на лекови што биле на вонредна контрола е во согласност со пропишаните стандарди на квалитет, кој е усогласен и со условите од одобрението за ставање во промет на лекот.
Ова се резултатите на првите испитани 18 лека, земени од полиците на аптеките, по вонредната контрола во 150 аптеки во сите градови во земјата – директно од полица од 34 производители земени се 206 готови лека. Станува збор за лекови за намалување зголемена телесна температура и крвен притисок, антибиотици, лекови за циркулација и масти.
Сега се проверува квалитетот на лековите и дали соодветно се чуваат во аптеките, на пример, надворешната температура може да влијае на квалитетот на лекот. Kонтролата е за да се осигура дека на квалитетот на лекот не влијае начинот на чување, дистрибуцијата или други фактори кои гарантираат дека граѓаните пијат безбедни и квалитетни лекови.
Глоба во износ од 25.000 до 50.000 евра ќе се изрече за прекршок на правно лице, ако не го извести Бирото за промена во квалитетот на лекот и/или друга несоодветност која може да го загрози јавното здравје, односно, ако не го повлече од промет лекот и не ги преземе сите неопходни активности за заштита на здравјето.
Дневник