Судот утврди – сообраќајката на Младенов била несреќен случај


Судските органи по преземањето на истражните дејствија констатираа дека сообраќајната незгода била несреќен случај.

Јавното обвинителство на Република Македонија утре на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од преземените дејствија за сообраќајната незгода во која загина сопственикот и главен и одговорен уредник на „Фокус” Никола Младенов, пренесува Телеграф.мк.

Судските органи по преземањето на истражните дејствија констатираа дека сообраќајната несреќа во која на 27-ми март кај клучката Хиподром пред Скопје, загина Младенов, била несреќен случај.

Како што пишува порталот, Судот потврди дека Младенов возел со 160 километри на час и притоа изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Документацијата истражниот судија му ја достави на скопското обвинителство кое требаше да одлучи дали ќе отвори истрага и дали ќе бара дополнителни докази.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1