Сите граѓани кои ќе одлучат да заминат на Пиво фестот во Прилеп, тоа ќе може да го направат со воз откако од железница најавија деека ќе пуштат повеќе вонредни возови од Скопје и од Битола до Прилеп викендот кој доаѓа. Како што најавија од МЖ Транспорт а.д. Скопје композицијата на возовите ќе биде составена од штотуку реновираните патнички вагони.
Повратен билет Скопје – Прилеп – Скопје чини 398 денари, додека патниците од Битола до Прилеп и назад ќе се возат за 158 денари. Исклучок е деловниот воз „Хераклеа експрес“ за кого треба да се доплатат 22 денари и 27 денари за резервација за место за седење.
Погодноста на овој воз е тоа што од Скопје пристигнува до Прилеп пристигнува за околу два часа.
Распоред на вонредни возови за Пиво фест
Вонредниот воз од Скопје во сабота и недела ќе тргнува во 11 часот. Во Велес ќе пристигне во 11:42, во Богомила во 12:34, а во Прилеп во 13:15 часот.
Од Прилеп кон Скопје возот ќе сообраќа в недела и понеделник, со време на тргнување во 01:18 часот по полноќ. Во Богомила возот ќе пристигне во 01:58, во Велес во 02:49, а во Скопје 03:38 часот.
Вонредниот воз од Битола в сабота и в недела ќе тргнува во 23:45 часот. Во Прилеп ќе пристигне во 00:23. Во спротивниот правец од Прилеп за Битола возот поаѓа во 01:30, а во Битола пристигнува во 02:04 часот.
Редовните патнички возови пак од Скопје тргнуваат во 06:48, 14:30, 17:10 и 19:38 часот, а во повратен правец од Прилеп за Скопје во 03:49, 06:10, 13:35 и 19:24 часот. Патниците од Битола кон Прилеп можат да ги користат возовите во 03:10, 05:30, 12:45 и 18:35, а во обратен правец од Прилеп за Битола возовите во 09:39, 17:12, 19:26 и 22:25 часот.
Фактор.мк