Скопјанец и подари бубрег за роденден на својата ќерка


Дарител на бубрегот е 72-годишен татко, а тој и ќерката по трансплантацијата се чувствуваат одлично-вели примариус д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката за урологија и дел од тимот што ја реализираше успешно оваа интервенција пишува Вечер.

На Клиниката за урологија во средата е реализирана 50-та трансплантација од жив дарител, при што од 72-годишен татко бубрегот е пресаден на неговата ќерка. Според прим. д-р Михаил Пенев, директор на Клиниката, пациентката и нејзиниот родител по интервенцијата се чувствуваат одлично.

operacijaВо јубилејната 50-та трансплантација покрај д-р Пенев дел од тимот беа д-р Сашо Дохчев како шеф на Одделот за трансплантација, д-р Оливер Станков, д-р Сотир Ставридис, д-р Скендер Саиди, како и васкуларниот хирург д-р Александар Јосифов, колегите од Клиниката за нефрологија, Анестезиологија како и одделението за ХЛА-типизација и Ртг-институт. Со проекција од преку 40 трансплантации за оваа година, Македонија ќе биде рангирана меѓу земјите со најголем број трансплантации од жив дарител на милион жители.

Законот за трансплантација кој доби целосна поддршка од сите верски заедници овој месец стапи во сила, а тој треба да овозможи во земјава да стартува процесот на кадаверична трансплантација на бубрези и црн дроб, од мртов донор. За таа цел лекарската комора на Македонија формира Комисија за трансплантација на ткива и органи, во којашто членуваат лекари, членови од Етичкиот комитет на Лекарската комора. Целта на комисијата е да ја подигне свеста за трансплантацијата, потребите и позитивните ефекти од неа, бидејќи во моментов многу средства државата и болните одвојуваат за трансплантација која ја реализираат во други земји од светот.

Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1