Тим на истражувачи во Полска откриле гробници во кои се пронајдени четири скелети.
Тоа што ги зачудило археолозите е дека на два од скелетите им се откинати главите и ставени меѓу нозете.
Ваквиот начин на погребување бил карактеристичен за оние за кои се верувало дека се вампири, бидејќи се верувало дека само на тој начин се навистина мртви.
Скелетите се пратени на понатамошна анализа и се претпоставува дека потекнуваат од 16-от век.