Приврзаници и роднини на Љубе Бошкоски нервозно ја пречекаа пресудата од 12 години за екс министерот за помагање на убиството на Марјан Тушевски и Орце Коруновски.
Тензиите почнаа уште на стартот кога во судуот не ги пуштаа неговите две сестри зашто беше дозволено да влезе само по еден од секое семејство на обвинетите, јавува А1он.
Целосна збрка настана откако беше прочитана пресудата. Роднините и приврзаниците на екс министерот со извици негодуваа на пресудата и со обвинување дека ова е уште една нарачка и освета од власта.
„Платеници, злосторници, како не ви е срам“, беа првите извици на Љубе Бошковски во моментот кога судијата му ја соопшти пресудата од 12 години затвор за прикривање на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година.
„Те гледам, се плашиш. Колку те платија? Бандо криминална, ова не судница, ова не е судење, ова е политички процес“, извикуваше Љубе Бошковски
„Продадено судство, кај ќе ви оди душата, дајте му барем сто години затвор. Ќе ви се врати, се ќе ви се врати, нема да остане вака, беа извиците околу судот и внатре во судницата.
Обвинителката ја заштитуваа тројца полициски алфи, но незадоволните роднини фрлаа клетви и навреди кон неа кога си заминуваше.
Видео – А10н – Nova tv