Здраво, јас сум Сноуден! До скоро ве следев ден и ноќ – ЦИА шпионот се обрати на светот (Видео)


Една од главните теми во светските медиуми денес е средбата на Едвард Сноуден со претставниците на групите за човекови права на московскиот аеродром, а на Викиликс било објавено што се кажал овој “американски предавник”.Едвард Сноуден е Американец кој работел за американската Националната безбедносна агенција “NSA” се додека на светската јавност не и го откри тајниот план “Prism” со кој Америка го шпионирала светот и своите сојузници.

Говорот на Сноуден во целост бил објавен на интернет страницата Викиликс

“Здраво. Моето име е Ед Сноуден. Пред повеќе од еден месец имав семејство, дом од соништата и комфорен живот. Исто така, имав сопственост без никаков налог да ја следам вашата комуникација, сечија комуникација, во секое време од денот и ноќта. Тоа е моќ која менува човечки судбини.

snouden 2Тоа исто така е сериозно прекршување на законот 4 и 5 од амандманот на уставот на мојата земја, 12-от член од Универзалната декларација за човекови права и други бројни статути и договори кои забрануваат вакви системи за масовно набљудување. Додека во американскиот Устав ваквите програми се означени како илегални, мојата Влада смета дека тајните на судските пресуди, кои што не и се достапни на пошироката јавност, на некој начин ги легитимизираат незаконитите афери.

Во согласност со тоа, го направив она што мислев дека е исправно и започнав кампања за да го поправам она што е погрешно. Не ми беше целта да се збогатам затоа што не барав да ги продадам американските тајни. Не соработував со ниту една странска Влада за да се заштитам себе си. Наместо тоа, на јавноста и го кажав она што го знам, за да можеме јавно да дебатираме за она што влијае на сите нас и ја барав светската правда.

snouden 1Владата и известувачките служби на САД се обидоа од мене да направат пример со кој ќе ги предупредат сите останати кои што би можеле да проговорат како мене. Поради тоа јас останав без државјанство и сум прогонет поради актот за политичко изразување. Американската влада ме стави на листата за забранети летови.

И покрај оваа историски незапаметна агресија, земјите ширум светот ми понудија поддршка и азил. Овие земји, вклучувајќи ги и Русија, Венецуела, Боливија, Никарагва и Еквадор, ја имаат мојата благодарност и почит што беа првите кои што застанаа во одбрана на човековите права кои што ги кршат оние помоќните.

Одбивам да се откажам од своите принципи под притисокот на заплашувањето на оние кои што стекнале почит во целиот свет. Мојата намера е да отпатувам во секоја од овие земји за да ја изразам личната благодарност на нивниот народ и на лидерите.

Јас денес објавив и официјално прифаќање на сите понуди за поддршка или азил кои што досега ги примив и кои ќе ги примам во иднина. На пример, со добивањето на азил од венецуелскиот претседател Мадуро, мојот статус на азилант сега е формален и ниту една држава нема основа да го ограничи или да го попречува моето право да го користам тој азил.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1