Во Москва загинаа 15 лица, а 49 се повредени кога се судриле камион и автобус што превезувал деца, соопшти руското министерство за вонредни состојби.
„Повредените ќе бидат пренесени со хеликоптер до локалните болници“, вели за Итар -Тас портпаролката на министерството Ирина Росиус.
Хеликоптери со лекарски екипи се испратени на местото на несреќата во близина на селото Ознобишино, во областа Нова Москва, наведува Русија тудеј.