15 мртви, многу повредени – автобус полн со деца се судри со камион во Москва


Sudar-u-MoskviВо Москва загинаа 15 лица, а 49 се повредени кога се судриле камион и автобус што превезувал деца, соопшти руското министерство за вонредни состојби.

„Повредените ќе бидат пренесени со хеликоптер до локалните болници“, вели за Итар -Тас портпаролката на министерството Ирина Росиус.

Хеликоптери со лекарски екипи се испратени на местото на несреќата во близина на селото Ознобишино, во областа Нова Москва, наведува Русија тудеј.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1