Заради реакции од граѓаните кои живеат во непосредна близина на плоштад Македонија, Општина Центар го скрати времето на работа на водените и музички ефекти на фонтаната Победа, односно последното шоу завршува во 22:30 часот
Граѓаните веќе реагирале до Општина Центар да се редуцира пуштањето или пак да се стиша музиката. Она што во последно време се забележува е дека од фонтаната сега многу помалку се пушта музика на разочарување на граѓаните кои сакаат да уживаат во музиката и водните ефекти прилагодени на ритмот на музиката.
Од неодамна пак, освен од фонтаната Победа, музика се слуша и од фонтаните на Карпошово востание. Од општина Центар информираа дека инсталирањето на техниката за пуштање музика од овие фонтани веќе е завршено.
– И на овие фонтаната веќе се пушта музика. Од музика се пушта популарна, а за нејзино одржување е одговорна општината. Согласно најновите измени на режимот на работа, фонтаните на Карпошово востание започнуваат со работа во 10:30 часот, а времетраењето на музиката и водените ефекти е половина час, на секој два часа. Музиката и водените ефекти завршуваат во 22:30 часот, додаваат од општината.
Вечер / foto – Macedonia Timeless