Изразито строгите и рестриктивни диети го зголемуваат ризикот од камен во жолчката, а сепак на крајот не се поделотворни од диетите со кои килограмите се губат постепено и со умерено темпо, заклучиле шведските истражувачи.
Во истражувањето е споредуван резултат на рестриктивните диети со кои учесниците внесувале 500 калории во текот на 6 до 10 недели, а потоа продолжиле со умерена диета. Умерената диета подразбира внесување на 1200 до 1500 калории дневно.
После една година од стартот на програмата, резултатите покажале дека оние од рестриктивната група изгубиле до 12 килограми, додека друга група 9 килограми. Меѓутоа, во рестриктивната група 48 луѓе добиле напад на камен на жолчка и морале да добијат медицинска нега, додека во другата група помош побарале само 16 испитаници.
Можно објаснување е тоа дека рестрикцијата на калории влијае на солите и холестеролот во жолчката, како и на брзото празнење на жолчниот меур, а тие две причини придонесуваат да се создаде камен.
lady.mk