Тарагичен крај на една љубов како од бајка – наместо меден месец погреб


Сопругот на српската пејачка Гога Секулиќ (41) починал синоќа околу 21.30 часот во една болница во германскиот град Хајделберг, а неговата сопруга била покрај него до последниот момент.

240490765Рамовиќ боледувал од рак на панкреастот, а болеста била доцна откриена. Иако за операцијата биле потребни повеќе десетици илјади евра, сепак тој добил најдобар третман и ништо не сакале да препуштат на случајот.

Биле направени сите анализи, но болеста рапидно напредувала и Игор за загубил борбата.

Гога цело време била покрај него, до последниот момент од животот. И починал на раце додека му раскажувала као кога ќе оздрави ќе оделе на меден месец.

igor-goga3-475

Се обидувала да му влее надеж, но било залудно. Игор Рамовиќ и Гога Секулиќ се венчаа пред два месеци во хотелот Хајат во Белград. Сите што ги знаат велат дека нивната љубов била како од бајка.

–  За жал вистина е. Го загубил Игор. Пред 4 недели во Белград му стана лошо и отидовме во болница. Таму му беше дијагностициран рак на панкреасот и се договоривме да оди во Германија на лекување. Му беа дадени најсовремени терапии, но болеста беше посилна – изјави пејачката за српски Блиц.

Бизнисменот две децении живеел во Лондон. Рамовиќ бил во брак и има една ќерка.

gogasekulic2По разводот Игор запознал девојка која според наводите на некои медиуми се вика Ким, и со неа имал син Себастијан. Неговите деца со мајките сега живеат во Лондон. Тој постојано бил во контакт со нив и тие често доаѓале во Белград. И тој и Гога сакале и заедно да имаат деца.

Рамовиќ активно се занимавал со бодибилдинг. Информацијата за врската на пејачката и бизнисменот во јавноста се појави на почетокот на годината, но секако поголем шок беше нивната брза венчавка.

Игор имаше 39 години – долги години живеел и работел во Лондон каде бил сопственик на неколку клубови а меѓу неговите пријатели биле и многу светски ѕвезди како Парис Хилтон, принцот Вилијам, Наоми Кемпбел…

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1