Идниот месец поскапуваат цигарите – Родео, Бос, Вест поскапи од 4 до 10 денари


До крајот на месецот се очекува и зголемување на цените на цигарите. Како што објави Вечер, од 4 до 10 денари ќе се зголемат цените на Родео, Бос, Вест, Класик, 57, Вардар и други, претежно цигари од домашни производители, кои се поевтини.

Pušenje-na-radnom-mestuСпоред информациите од маркетите, тутунските комбинати најавиле дека до крајот на месецот ќе им биде доставен новиот ценовник со 10% повисоки цени, кој ќе важи откако ќе се потрошат резервите.

Законот за акцизи беше изгласан пред 10 дена, а согласно објавата во Службен весник стапи на сила од 13 јули годинава. Според новите законски измени, акцизата на цигарите треба постепено да се зголемува следните 10 години. Зголемувањето од оваа година, од следната година на 1 јули, па се до 2015 година, стапките на специфичната и минималната акциза на цигарите се зголемуваат за 0,15 денари по парче во секоја година, од 1 јули 2016 заклучно со 1 јули 2023 година за 0,20 денари по парче во секоја година.

Притоа, се до 1 јули 2023 година, акцизата на тутунот за пушење како фино сечкан тутун ќе се зголемува за 50 денари по килограм во секоја година.

Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1