Хигиеничари пронашле тело на починатиот велешанец, вчера, додека го собирале сметот во дворот на болницата. Тоа лежело на само неколку метри од капелата во изградба поточно во близина на Дневниот центар за нарко зависници, јави Дума.мк.
Случката веднаш ја пријавиле во полиција. Таму бил направен увид од полициска екипа, истражен судија и јавен обвинител.
Од велешката полиција денеска за порталот ја потврдиле информацијата.
Истрагата ќе треба да ги утврди причините за смртта на велешанецот.