Двајца македонци заболени од маларија која ја увезле од странство.
Здравствените власти потврдија дека двајцата мажи биле регистрирани во јуни а болеста ја донеле од Гана каде едниот работел на платформа и од Сиера леоне каде вториот пациент бил преку меѓународна организација и по втор пат прележува маларија, пишува Здравство24.
И лани ја имал истата заразна болест. Биле лекувани на Клиниката за Инфективни болести и по излекувањето ги пуштиле дома. Од Министерството за здравство потврдуваат дека последните три години има 9 случаи на увезена маларија. Апелираат до граѓаните кои патуваат во ризични земји каде има не само маларија туку и други заразни заболувања задолжително да примат терапија и потребните вакцини и да одат на контролен преглед.
Надлежните сметаат дека најмногу вакцини се потребни за Авганистан каде и најмногу има Македонци кои одат на привремена работа. Ги потсетуваат граѓаните ако оние што ги носат не им понудат вакцини да ги пријават во ДСЗИ