Двајца македонци заболени од маларија


Двајца македонци заболени од маларија која ја увезле од странство.

malarija3Здравствените власти потврдија дека двајцата мажи биле регистрирани во јуни а болеста ја донеле од Гана каде едниот работел на платформа и од Сиера леоне каде вториот пациент бил преку меѓународна организација и по втор пат прележува маларија, пишува Здравство24.

И лани ја имал истата заразна болест. Биле лекувани на Клиниката за Инфективни болести и по излекувањето ги пуштиле дома. Од Министерството за здравство потврдуваат дека последните три години има 9 случаи на увезена маларија. Апелираат до граѓаните кои патуваат во ризични земји каде има не само маларија туку и други заразни заболувања задолжително да примат терапија и потребните вакцини и да одат на контролен преглед.

Надлежните сметаат дека најмногу вакцини се потребни за Авганистан каде и најмногу има Македонци кои одат на привремена работа.  Ги потсетуваат граѓаните ако оние што ги носат не им понудат вакцини да ги пријават во ДСЗИ

Здравство 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1