Се бара инвеститор кој ќе ги обнови павилјоните во спортско-рекреативниот центар во Сарај. Базенот и езеро Треска кои се во фаза на рапаѓање и одамна се затворени за посетители. На ова место, наместо вревата од капачите, денес царува тишината
Базенот во Сарај не функционира веќе 15 години. Идејата на градските власти е базенот повторно да се пушти во употреба, со што ваквата слика што ја нагрдува Општината, ќе стане минато, пишува Алфа.
– Град Скопје ја заврши студијата за овој комплекс во општина Сарај, и Градот заедно со Владата, соодветно на таа студија ќе пристапат. Целата инвестиција на јавниот-приватен партнер кој ќе го обнови овој центар, треба да биде од 7 до 12 милиони евра, додека пак, само за базенот, ќе чини околу еден милион и 400.000 евра, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Општината и Град Скопје, бараат и домашен или странски инвеститор, за да го ревитализираме и да го ставиме во функција тој објект, кој повеќе од 15 години нее во употреба, рече градоначалникот на Сарај, Беким Мурати.
Поради загаденоста на водата во 1998-та година, езерото беше затворено за капење. Изминативе години имало заинтересирано неколку инвеститори за овој комплекс од 55 хектари, но барем до сега – никој сериозно.