Скопскиот аква парк се отвара во недела


Скопскиот аква парк во недела свечено ќе биде отворен за љубителите на водени лудории, информираат од СЦ „Борис Трајковски“.

akvaparkПаркот за отворен ќе го прогласи премиерот Никола Груевски.

За посетителите на располагање се 10 тобогани, светски познатиот мултислајд, турбо-ленс и бумеранг-тобогани, како и спејс-боул тобоган со ноќни ефекти…

Покрај тоа, во рамки на паркот има и мрзливата река, кафулињата и ресторан, додека најмладите ќе уживаат во базен со т.н. детски свет со содржина „Пиратите од карибите“.

Влезниците за аквапаркот ќе чинат 300 денари, а децата до четири години ќе можат бесплатно да уживаат во активностите.

Извор: Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1