Ќе се ладиме ли конечно во езеро Треска? – се бара инвеститор да го среди езерцето


Се бара инвеститор кој ќе ги обнови павилјоните во спортско-рекреативниот центар во Сарај. Базенот и езеро Треска кои се во фаза на рапаѓање и одамна се затворени за посетители. На ова место, наместо вревата од капачите, денес царува тишината
Базенот во Сарај не функционира веќе 15 години. Идејата на градските власти е базенот повторно да се пушти во употреба, со што ваквата слика што ја нагрдува Општината, ќе стане минато, пишува Алфа.
ezero treska– Град Скопје ја заврши студијата за овој комплекс во општина Сарај, и Градот заедно со Владата, соодветно на таа студија ќе пристапат. Целата инвестиција на јавниот-приватен партнер кој ќе го обнови овој центар, треба да биде од 7 до 12 милиони евра, додека пак, само за базенот, ќе чини околу еден милион и 400.000 евра, изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Општината и Град Скопје, бараат и домашен или странски инвеститор, за да го ревитализираме и да го ставиме во функција тој објект, кој повеќе од 15 години нее во употреба, рече градоначалникот на Сарај, Беким Мурати.
Поради загаденоста на водата во 1998-та година, езерото беше затворено за капење. Изминативе години имало заинтересирано неколку инвеститори за овој комплекс од 55 хектари, но барем до сега – никој сериозно.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1