Кодош бил и академикот што неодамна си поднесе оставка од членството во МАНУ и во Друштвото на писатели. Ваква одлука донесе денеска Комисијата за лустрација, која врз основа на проверка на фактите што ги имала на располагање утврдила дека академикот бил соработник на тајната полиција во периодот на комунизмот.
Одлуката е донесена со 8 гласови „за“ и еден против на членот Чедомир Дамјановски. Павловски во последно време беше најжесток критичар на македонската лустрација. Инаку, Друштвото на писателите на Македонија ја нарече лустрацијата хајка против македонските писатели.