Еко такса за белата техника од 2015-та – фрижидер би можел да поскапи и до 3.000 денари


Во Македонија од  1 јануари 2015 година се воведува еко такса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство. Таксата е согласно европските регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот.

fridgeБојан Лалиќ од „Техномаркет“ за Дневник вели дека давачката на пример за еден фирижидер кој тежи 60 килограми таксата би била 3.000 денари. Според него сумата е висока и смета дека треба да се одложи примената на оваа регулатива.

– Постои  опција   наместо  да се плаќа еко такса да се формира  посебно здружение   на увозници кое  за одреден надоместок  ќе врши  собирање  и уништување на апаратите  и тогаш таксата ќе биде договорна, појасни Лалиќ кој потенцира дека и во тој случај ќе поскапат апаратите.

Од Министерството за животна средина информираат дека  засега  увозниците на бела технмика треба само  да се регистрирааат кај нив, бидејќи  во спротивно нема да  може да  работат.

Средствата од еко таксата ќе се слеат во државната каса  за финасирање на еко проекти  за  управувањесо отпад  на електрични апарати.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1