Заменик генералниот директор на српското претставништво на Лукоил, Олег Шаров е пронајден мртов во својот стан во Белград.
Безживотното тело на Шаров, пронајдено е денеска околу 16 часот, а според полициски извори на српски Курир смртта настапила под сомнителни околности. Телото е однесено на обдукција, а според првичните информации на телото немало траги на насилство но сепак полицијата го третира случајот како „сомнителен“ и интензивно работи на собирање на информации кои би ги откриле околностите за смртта на Шаров.