Циции: На Бред Пит му платиле 10 милиони долари – на дублерот само 100 евра


Дејвид Патерсон е дублерот на славниот Бред Пит во најновото филмско остварување „World War Z“.

bred-pit-1352199778-205888Физичката сличност на 28-годишниот шкотланѓанец и актерот е неверојатна, но во центарот на медиумите е нешто малку поинакво.Од снимањето на филмот Бред Пит заработил 10 милиони евра, а неговиот двојник добил само 100 евра.

Младиот адвокат вели дека било големо задоволство да работи со Бред Пит, иако не бил повикан на премиерата на блокбастерот, а не добил ни автограм.

„Требаше да правам се што прави Бред Пит. Снимавме во супермаркет и требаше да ги копирам неговите движења. Носевме идентична облека, а имаме и многу слична градба“, изјавил Патерсон.

Но, разликата помеѓу нив двајца се почуствувала на снимањето.На една сцена во која Бред трча низ супер маркет, славниот актер тоа го направил само еднаш, а Петерсон истото го повторил 10-15 пати додека режисерот не бил задоволен.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1