Нов бизнис: Црногорка наплаќа по 1 евро на час за да ги шпионира неверните мажи на плажа


Црногорка на туристите им понудила нова услуга – следење на мажи и момчиња на плажа. Таа ги следи цел ден собира информации каде се движел мажот, колку време и со кој се гледал, што пиел, што јадел, дали имал контакт со други жени и слично. Услугата чини 1 евро за еден час.

plaza spionНекои туристи ја забележале сопственичката на новиот бизнис во Будва. 32 годишна жена која е често на плажата знае за Дида – како што ја нарекуваат жената детектив на плажа:

“Ја забележав младата жена која често е на плажа, но не се капе ниту нешто продава. Не гледа на дланка или карти. Им приоѓа на жените главно на жени со деца, тивко со некаква приказна, разменува броеви од мобилните телефони или им зема пари” – вели таа

plaza3 Им приоѓа на жени со деца чии мажи лутаат по плажата а тие не може да видат што прават бидејќи немаат кому да му ги остават децата. Велат дека станува збор за сиромашна жена која вон сезона собира отпад, продава и некако преживува. Ниту некој го напаѓа ниту бара пари кои не ги заработила.

Оние кои добро ја познаваат велат дека има доста работа, со оглед на фактот што многу парови доаѓаат со деца, па навечер кога мајките мора да се погрижат за децата да заспијат, мажите се “фрлаат” на ноќен живот.

Што прават додека не се со своите поубави половини, може да дознае досетливата Црногорка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1