Според податоците од грчкиот Завод за здравствено осигурување, две третини од примателите на социјална помош за слепи лица на грчките острови Калимнос, Лерос, Астипалеа, Патмос и Липси лажеле дека се слепи.
Во соопштението од Заводот стои дека биле испитани 152 случаи на приматели на таков вид помош и дека е откриено оти околу 100 од нив, односно речиси 66 отсто не се слепи.