Нема веќе „пари под рака“ на патарините – се се снима!


Нема повеќе бегање од патарините, плаќање под рака или половина-половина. Агенцијата за патишта воведе мониторинг систем на наплатните станици. Од тука од центарот се се надгледува.

patarina1

Во живо се следи наплатата на патната такса, дали вработените се обидуваат да стават пари во џеб, кои возила поминуваат, дали има застој на патарините. Од овие камери не може да се побегне. Директорот на Агенцијата Ѓорѓиевски вели, ова е почеток на систем кој треба да помогне во зголемување на евидентираната наплата.

Од почетокот на годината до јуни низ патарините поминале вкупно 13 милиони и 300 илјади возила, од патна такса собрани се вкупно 9,6 милиони евра. Споредбено со истиот период минатата година, евидентирани се 2 милиони помалку возила и приходи за 1 милион и 350 илјади евра помалку.

Вака поставениот надзор засега ги минимизира штетите од криење на наплатат но сепак имало вработени што и покрај поставените камери сепак се осудувале да ја прикријат наплатата. Дел од нив биле суспендирани.

Kanal 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1