Направете си сладолед од само една состојка


Волшебната намирница за подготовка на сладоледот е бананата. Станува збор за многу специфично овошје со посебна текстура и богат вкус, а токму во овој сладок плод лежи и тајната на најфин и најздрав кремаст сладолед без глутен и без вештачки шеќери. Подготовката на сладоледот е навистина многу едноставна.

Потребно:

2 банани

Подготовка:

Бананите излупете ги и исечете ги на кругови.

Ставете ги бананите на чинија или во кесичка за замрзнување и ставете ги во замрнувач.

Оставете ги во замрзнувачот околу два часа додека целосно не се стврднат.

Замрзнатите кругови ставете ги во блендер и миксајте додка не добиете густа, леплива маса.

Измиксаните банани сега имаат структура на сладолед и се подготовени за послужување, а ако сакате да биде потврд, ставете го во замрзнувач уште 30-60 минути.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1