Македонка осудена – жива запалила друга македонка во Австралија


Македонката Натали Димитровска (28) е прогласена виновна бидејќи жива ја запалила својата пријателка Дана Вулин (25), исто така по потекло од Македонија, во февруари лани во Перт, Австралија. Димитровска се товари за намерно нанесување тешки телесни повреди на сонародничката и се соочува со повеќегодишна затворска казна, која Судот ќе ја објави во октомври. До тогаш Димитровска ќе остане во притвор, пишува Дневник.

Вулин  по нападот на 60 отсто од телото имала изгореници и десетина дена била во кома, но успеала да закрепне. На судењето Вулин се појави со специјален заштитен комбинезон и маска на лицето бидејќи с` уште не се зацелени раните од изгорениците. Таа вчера требаше да биде подложена на нов хируршки зафат, но ќе мора да биде под посебни третмани до крајот на животот.

makedonka zapalena

Според пресудата, Димитровска ја нападнала Вулин бидејќи била љубоморна оти сонародничката има љубовна афера со нејзиниот поранешен сопруг Един Хандановиќ. Обвинетата на 12 февруари под дејство на дрога дошла во станот на Вулин надевајќи се дека таму ќе го затекне Хандановиќ. Двете почнале да се расправаат по што додека Вулин во рацете држела ламба со отворен оган Димитровска кон неа фрлила шише со метилалкохол. Димитровска по нападот избегала и неколку дена се криела, а ја пребоила и косата. Таа купила авионски билет во еден правец за Македонија, но кога дошла на аеродромот, полицијата ја уапсила. По апсењето и за време на судењето Димитровска тврдела дека реагирала во самоодбрана бидејќи Вулин неа ја нападнала.

Сестрата на Вулин, Светлана Величковска, по судењето изјавила дека на целото семејство им олеснило поради одлуката на Судот.

Димитровска, пак, ја држела главата во рацете и плачела откако била прочитана одлуката. Нејзините адвокати само кусо изјавиле дека таа е „уништена од пресудата“ и оти нема да коментираат додека не ~ биде пресудена казната.

Димитровска ја очекува уште една затворска казна откако во јануари годинава судот ја прогласил виновна за напад врз Хандановиќ. Таа со нож го пробола во рамо својот поранешен сопруг додека се расправале кому да му припадне мебелот од куќата по разводот.

Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1