Ознаките на најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот Мекдоналдс кај Веро 2 и Педагошкиот факултет во Скопје, утрово беа отстранети.
На почетокот на јуни годинава, ознаките на Мекдоналдс беа симнати и од ресторанот во Центар и Аеродром, а еден месец претходно беа затворени сите седум ресторани на светската компанија за брза храна во Македонија.
Со тоа Македонија дефинитивно останува без Мекдоналдс. Првиот ресторан на овој синџир за брза храна во Скопје се отвори пред 16 години, а во рестораните на Мекдоналдс низ Македонија беа вработени 240 луѓе.