Проблемот со глобалното затоплување мора наскоро да биде решен, а научниците константно даваат нови предлози.
Еден од најоригиналните за решавање на потенцијалните климатски катастрофи стигна од Дејвид Кит, геоинжинер од престжниот Универзитет Харвард.
Во најкратки црти, идејата е да се создадат рефлектични честички во горниот дел од атмосферата – стратосферата, а со тоа би се предизвикало ефект кој би спречил загревање на тој дел од атмосферата и намалување на темературата на Арктикот.
Просто кажано, ледот кој се топи повторно би бил замрзнат.
Моменталната количина лед на северниот пол е најмала во историјата и јасно е дека постоечкиот систем е неодржлив.
Идејата била препозната преку природата каде што Вулканот Маунт Пинатубо на Филипините, проработел во 1991 одина, а по неговата ерупција, околу 15 милиони тони сумпор диоксид, стигнал во горниот дел од атмосферата.
Целиот тој чад создал некаков вид на покривач, кој ги попречил сончевите зраци директно да стинат до Земјата, што резултирало со пад на температурите во тоа подрачје кои траеле речиси две години.
Ваквото геоинжинерско решение би можело да ја намали пробојноста на Сончевите зраци на Арктикот за најмалку 0,5 проценти. Ваквото радикално решение, како го третираат во светот на науката, би чинело околу осум милијарди долари.