Се се враќа, се се плаќа – приказни поради кои ќе верувате во карма


–    Во 1981 година, Мајкл Годвин, бил осуден на смртна казна, односно било одлучено казната да се изврши на електрична столица.

Мајкл бил обвинет за убиство и полов напад. Меѓутоа токму пред извршување на смртната казна бил ослободен од обвинението за полов напад, и така неговата казна била доживотен затвор. 8 години подоцна, обидувајќи се да поправи пар слушалки приклучени на телевизорот во ќелијата, погрешно поврзал неколку жици и седнал на метална тоалетна шоља. Годвин веднаш починал од електричен шок.

karma–    Во 2013 година еден бездомник, во кутијата во која ги собирал парите од питачењето пронашол свршенички прстен кој сосема случајно паднал. Една недела подцна добил нов мотор, куќа и 100 000 долари донација, од свршеникот на девојката.

–    Мел Игнатов во 1988 година бил обвинет за сурово убиство на неговата девојка, Бренда Шефер. Игнатов најпрво ја врзал девојката за стаклена масичка во дневната соба и брутално ја измачуал.

Со различни манипулации убиецот добил казна затвор од само 8 години. По излегувањето од затвор, случајно си ја удрил главата и ја исекол раката на истата маса на која ја убивал девојката. Мел Игнатов полека умирал од повредите кои сосема случајно, сам си ги нанел.

karma-1–    На 13 август, 1966 година, како одговор на коментарот на Џон Ленон дека „Битлси“ се попопуларни од Исус, радио станицата KLUE организирала прв масовен протест, палејќи ги плочите на популарната група.

На 14 август, 1966 година гром удрил во радио-станицата, оштетувајќи поголем дел од опремата.

–    Во 1883 година, Хенри Зингланд раскинал со својата девојка. Неколку дена по раскинувањето девојката се самоубила. Нејзиниот брат  буквално го ловел Хенри и крај едно дрво го застрелал во глава. Мислејќи дека Хенри е мртов, братот на девојката се самоубил.

Но, Хенри не би мртов, куршумот само го гребнал и се забил во дрвото.

Години подоцна Хенри решил да се ослободи од дрвото и да го разнесе со динамит. Динамитот го разнесол дрвото и куршумот го погодил Хенри во глава, убивајќи го на лице место.

Факултети.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1