Видео: Имал 40 лажни профили – ги убедувал жртвите дека тој е нивниот изгубен син


 

Јас сум ви син, ама вие не знаете?!?!?  Фредерик Бурдин е човекот кој успевал да убеди неколку различни семејства дека токму тој е нивниот исчезнат син.

Последна жртва на Бурдин е семејство од Тексас. Тој начелно успеал да ги убеди дека исчезнал пред три години и дека е нивниот Николас. Сепак по ангажирањето на приватен детектив од страна на една ТВ станица, измамата излегла на виделина.

Бурдин сега има 23 години, а исчезнатиот Николас би требало да има 19. Покрај тоа, нејасно е како семејството му поверувало, а Бурдин има плави очи, додека исчезнатиот син имал кафени.

Уште позачудувачки е тоа што неговата болна игра му успеала кај 40-тина други семејства. Будин сега го има прекарот „Камелеон“, а ќе мора и да одлежи 6 години затвор.

Неговата приказна ќе се чуе надалеку бидејќи филмска компанија веќе снимила филм по неговата приказна.

Tags: , , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1