Македонец улатил преку агенција вила со поглед на море – еве што добил (Фото)


Револтиран македонец одлучил да напише писмо до Трендо и сајтот офф нет за непријатностите и уништениот одмор уплатен преку македонска туристичка агенција во Грција – Скијатос. Ви пренесуваме дел од писмото, а целото може да го прочитате на Off.net.mk

Здраво Трендо,

Во прилог ти праќам 3 слики, чисто да видиш каков е погледот на море кој го нуди Т.А. Фибула. Погледов е сликан од горниот кат на објектот. Од долниот кат погледот верувам дека е уште пофасцинантен.

pisma-na-deca-begalci-vo-egejska-makedonija-53654

pisma-na-deca-begalci-vo-egejska-makedonija-53653

pisma-na-deca-begalci-vo-egejska-makedonija-53655

Истава прилика би ја искористил за да кажам уште неколку збора за фасцинантниот и воодушевувачки одмор

– Во ниеден момент не беше кажано дека собите немаат пешкири. Новиот водич – Јулија беше фасцинантно изреволтирана дека не нè информирале од Фибула во Скопје за тоа, а во компензација за тоа ни понуди инстант брзо да не информира и да ни понуди од турите со брод кои ги нуди (за нивната цена не би навлегувал во моментов)

– Греењето на вода за туширање беше исклучиво со сончеви колектори, па навечер не ни сонувај дека ќе има топла вода. А на зајдисонце топла вода има, ама кога ќе влезат во 2 соби луѓе да се тушираат немаше вода, а не топла вода. Повторно беше побарано разбирање од наша страна, бидејќи целиот остров го имал тој проблем, нели, така, разбирате…

– Далечински од клима и телевизор не добивме и после 6 барања, ама затоа пак повторно – во замена бевме информирани за турите околу островот. 🙂

– Газдата на Димитрос (ваљда он се викаше Димитрос), беше многу еколошки свесен, секаде имаше ставено 30-40W сијалици, ама не од новите, па светлото низ собата беше многу погодно за романтика, или евентуално жмурка.

– Редовно под терасите поминуваше жената на Димитрос, бидејќи, нели, требаше да си копне во бавчата, да си набере домати, итн. А воедно и да провери дали некој ја уклучил климата а не му се двата слоја врати затворени, или пак недај боже светлото во собата или тоалетот преку ден уклучени. По завршената обиколка и поднесен извештај до Димитрос следеше негово санирање на проблемите проследено со викање и дерење (на entry level English), пцуење (на hardcore level грчки). Врв на возбудата беше кога во 3 саат сабајле искочи по гаќи и вриштеше зашто сме седеле до тогаш и сме играле карти и правеле муабет. Цитирам: “agsrwedudsraasdrhopihlksjdra…, tomorrow call Julija…., asghowpetnlagso…, go home…, hasopdrahopriwlngkj…, leave room…, tomorrow…, hwenmlkqwenopghio…, sleep all day – speak night…, lhalsidhroiwehrwebnalrb…, tomorrow…”. Вистина, спиевме по цел ден, 9 сабајле, кога се уклучуваше косалката за трева. 🙂 На поплаките упатени кон Јулија добивме ццкање, револтираност и муабет (во доверба) дека догодина веќе нема да соработуваат со овие вили. Ставам кладба дека пак ќе ги имаат истите понуди.

– Што се однесува за Скијатос – Туристичките услуги на ниво, исто и цените. Пример, палачинка е 2.5евра, ама тоа е без ништо во неа. За крем обичен 0.5 евра доплата, за банана 0.5е, за нутела 1е, итн. Во гирото ако не си побараш кечап или сенф, во никој случај не иде. Чисто да не им се меша на трите компирчиња кои се бркаат во питата.

– Биди спремен дека во рестораните може да ти биде учукано и ненарачано апетисани, сосови или пак лепињи.

– Секоја чест на ретките исклучоци. На пример хотелот над нас, каде после 17:00часот си нарачуваш коктел(иште) за 5 евра и се бањаш во базенот со солена вода (со поглед на море) и неограничено интернет, лежалки, итн. Или пак на пример ресторанот до нас, каде имаше една фасцинантно релаксирана атмосфера, каде можеш да си играш со кучето, пиеш пивце, седиш на интернет, па и да добиеш некоја кригла гратис, од куќата.

Мислам дека поинтересен текст би добил и од некој сместен во другата вила – Panos, каде плаќаа 50 евра поскапо, зашто нели вилата имаше и базен, кој можеш да се бањаш само ако нарачаш 2-3 пијачки, или ако си девојка и сопственикот ако се бања со тебе. Во секој случај за тие 50 евра добиваш и чувар – сопственикот, кој навечер завиткан во чаршав, со пушка на рамо кружел окололу вилата. И за соодветна разделба на крајот гол им се соблекол и мафтал со половиот орган.

Искрен поздрав
Бобан

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1