Открини опасни бактерии во увезени прехранбени производи во Русија


Федералната агенција за ветеринарни и санитарни прашања откри бактерии на салмонела во замрзнато свинско месо и сирење увезено од Холандија.

bakteria, virus, labaratorija– При лабораториските тестови на замрзнатото свинско месо од компанијата „Slachthuis Nijmegen“ и сирење од „Bel Leerdammer“ е откриена салмонела, се истакнува во соопштението од Агенцијата.

Салмонела откриена е и во говедското и пилешкото месо увезено од Бразил, во урда од Белорусија, во замрзната сланина од Полска, во риба и пилешко месо од САД и во пастрмка и школки од Чиле.

Опасни бактерии по здравјето на човекот откриени се во овчко месо увезено од Нов Зеланд.

Ветеринарните власи на Холандија, на Бразил, на Белорусија, на Полска, на САД, на Нов Зеланд и на Чиле се предупредени дека нивни производи има опасни бактерии.

Претходно, Федералната агенција за ветеринарни и санитарни прашања ја предупредија Норвешка за опасни бактерии во некои рибни продукти што се произведуваат во скандинавската држава. При лабораториски анализи на продукти од норвешката фирма СФ-53 и формата Н-107 се откриени бактерии од групата ешерихија коли.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1