Пред само 2 години еден татко ја крена цела Хрватска на нозе за своето болно детенце. Имено Јуре Kарамарко тогаш упатил апел до министерот за здравство да прати лекари во болницата Ребро бидеќи никој не сакал на неработен ден да донесе одлука за операција на неговото синче која била итна.
Го држам својот син во рацете а чекајќи го вашиот лекар, вашиот систем и вашиот прв работен ден прашање е дали ќе можам да го држам повторно “, напиша тој тогаш – денес 2 години подоцна тој напиша уште едно писмо. Овој пат упатено до неговиот син. Писмото го растажи цел Балкан.
Борецу мој – денес ти е именден. Тато, повторно не е дома. Знаеш, Тато се разбуди многу рано, и ќе е на нога до доцна во ноќта. Во тоа време ти трчкаш околу куќата, полнип пелени, си играш. Мајка ти вели дека многу пати во денот го споменуваш тато. Именденот ти поминува без татко, бидејќи јас ќе работам 20 часа на моите нозе, 27 километри далеку од вас. Јас работам по цел ден на 3 страни срце татино, куна по куна ќе вратам некако се – само за тебе мој борецу.
Да, мој борец, никој нема да дојде со торба пари и да каже, еве, се ослободи од сè и бидете среќни. Но ќд бидеме среќни и тато се колне, ние ќе бидеме повторно заедно, 24 часа на ден, Јас ти и мајка ти.
мора да се вратам на работа сине за вас, за нас … среќен именден сине
Твој тато.