Бројот на убиени во денешните судири во Египет се зголеми до 149 луѓе, додека бројот на повредени е 1.403, објави Министерството за здравство.
Во судирите со полицијата гневните демонстранти успеаја да фрлат полициски џип од мост.
Вршителот на должност претседател Адли Мансур претходно воведе вонредна состојба во државата за еден месец и полициски час во 11 провинции од 19 часот по локално време до шест часот наутро.
Муслиманско братство тврди дека бројот на загинати е 220 и над 8.000 повредени.