Скопјанец крвнички претепан во кафеаната „Теферич“


Скопјанец отишол во кафеана да се расположи, а завршил на Ургентно со исекотини и скршеници.
taksist pretepanСпоред информациите од Министерството за внатрешни работи синоќа околу еден часот група насилници го претепале 32-годишниот Г.В. од Скопје во кафеаната „Теферич“ во Кисела Вода.
Групата непознати насилници прво го нападнала во кафеаната, а потоа го извлекла надвор и продожила да го удира.
Некако, Г.В. собрал сили и успеал да побегне и да се сокрие.
На оштетениот во Ургентен центар Скопје му е констатирана тешка телесна повреда, скршен колк и повеќе исеченици по телото.
Во ПС Кисела Вода приведени се две лица учесници во настанот за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1