Инвеститорите не сакаат поевтин квадрат – Евтини или безбедни и квалитетни станови?


Во последно време сведоци сме на чести информации во јавноста за намалување на цените на новоизградените станови, со што кај граѓаните се создава слика дека едни нудат станови по пониски цени за разлика од други и дека интересот за купување станови опаѓа, сметаат од градежната компанија „Адора инженеринг“, пишува Нет прес .
zgrada novo lisiceОние кои зборуваат за намалени цени на новите станови должни се тоа и да го  аргументираат. Дали е тоа можно во услови кога освен на локациите, постојано растат и цените на градежните материјали, како бетонот, железото, енергетски ефикасните материјали, на што се додаваат и цените за изготвување на потребната документација за градба, пропишана од државата. И покрај поголемите трошоци, цените на становите се исти како порано, што реално претставува поефтина цена на станбениот простор, за високиот квалитет што го добиваат купувачите.
Најважно од сè е прашањето, велат од „Адора инженеринг“, како може држава како Македонија што се стреми кон современтите европски стандарди, да протежира пониски цени на становите, на сметка на намалување на квалитетот и економичноста што тие ги нудат, што е спротивно на светскиот тренд за квалитетно домување.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1