Најскапиот месец во годината, септември е на прагот. Граѓаните после летните одмори се подготвуваат за стартот на новата учебна година за нивните деца. Во книжарниците има училишен прибор, но за се да се купи нашиот стандард малку нуди.
Само за илустрација за да се подготви едно прваче за училиште потребни се најмалку околу 2000 денари. Ранец, моливчиња, да не збворуваме за гардероба и слични пропратни работи.
Цените оваа година кај доматите и пиперките не се намалија, а треба да се подготвува и зимница.
Ќе се снаоѓаме поскромно. Само најосновното ќе го подготвуваме, затоа што пари не стигаат. За да се прехтаниме се почесто пазаруваме со кредитни картички. велат граѓанитее.
Анализите на Синдикатот покажуваат, дека вредноста на минималната потрошувачка кошничка во споредба со декември 2012 година се зголемени за 500 денари, а живеачката поскапела за речиси 1200 денари.
Ирис