Овие нарушувања во исхраната може да ги има вашето дете


Детската пребирливост, детската анорексија, пика и руминација се проблемите во исхраната кај детето. Зошто се појавуваат и на кој начин треба да се решат, советуваат педијатрите.

Истражувањата покажале дека во основата на нарушувањата во исхраната најчесто е односот мајка – дете. Најважната преокупација на родителите, првенствено на мајката од почетната интеракција со бебето е дали тоа е доволно сито.

dete jadeНарушувањата во исхраната е честа појава кај 25 до 30 отсто од здравите деца. Одбивањето на храната, спорото доење, повраќањето од раѓање најчесто се првото огледало на квалитетот на интеркативноста, за што придонесува конституцијата на бебето од една страна и личноста на мајката од друга страна.

Полесни нарушувања во исхраната

Во нив спаѓаат пребирливоста, кога детето јаде само ограничен број на продукти и избегнувањето на цврста храна.

Екстремно пребирливото дете одбива каква било храна освен онаа на која навикнало, така што може да дојде до губење на телесната маса. Ова нарушување се јавува претежно за време на воведувањето на немлечна храна. Постарото новороденче, кое е навикнато само да пие мајчино млеко покажува голема одбивност кон ваквата храна. Експертите велат дека овој проблем брзо ќе биде решен. Слична е и одбивноста кон цврстата храна, која исто така брзо се решава.

Потешки нарушувања во исхраната

Овие нарушувања траат подолго од еден месец, проследени се со стагнирање или загуба на телесната тежина, при што не станува збор за органска причина или ментална болест, а храната на детето му е достапна.

Детска анорексија (недостиг на апетит) – Се јавува на возраст од шест месеци до три години. Детето, кое нема никакви органски заболувања, никогаш не е гладно и губи на телесната тежина. Загрижени родителите се служат со веќе наведените неадекватни постапки при хранењето, но сето тоа има контраефект.

Пика –Тоа е нарушување при кое детето јаде работи кои не се за јадење (земја, малтер, коса, пепел, хартија, суров компир и слично), на возраст кога тоа повеќе не е примерно. Со тоа го загрозува своето здравје, но и животот, доколку внесува некои островни супстанци.

Руминација – Се манифестира во вид на намерно враќање и преџвакување на проголтаната храна. Често се забележува кај занемарените деца, како начин на самоутеха во недостиг на соодветна афективна поврзаност. Тоа што не му го нуди мајката, а на детето му е неопходно, е надоместено со свртување кон сопственото тело, со што детето ја намалува напнатоста.

Најчести грешки при хранењето

Секој родител сака да има здраво дете, кое оптимално расте. Меѓутоа родителите често пати имат погрешна претствата за оптималниот развој на своето дете и се обидуваат да го забрзаат со неадекватно хранење во кое спаѓаат:

– ноќното хранење (продолжуват со ноќните оброци и кога е во прашање постаро новороденче, на кое тоа повеќе не му е потребно)

– прогонувачко хранење (одат по детето со чинијата во раце и постојано се обидуваат да му стават во устата уште некој залак)

– насилно (се обидуваат на детето со сила да му стават храна во устата и го тераат насила да ја проголта)

– условено (се служат со различни трикови и уцени за да го измамат детето да јаде)

– механичко (инсистираат на строго правилен ритам на хранење, количина и вид на храна)

– продолжено (хранењето трае подолго од 30 минути).

Наведените постапки често пати резултираат со нарушувања во исхраната.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1