Ви се спрема отказ?


Сте имале добар однос со шефот или шефицата, но наеднаш доколку во ходникот тој или таа го избегнуваат вашиот поглед и ако тоа се повтори неколку пати не ви се пишува добро.

otkaz_1369845149_670x0Решение: Размислете за секоја ситуација во која вашата работа не била на висина на задачата. Побарајте состанок и прашајте треба ли да во некои сегменти да се потрудите, затоа што сакате да бидете сигурни дека навистина добро ја вршите работата.

Оддеднаш многу помалку работа. Буџетот е намален и откажани се проекти.

Решение: Користете интернет за истражување на конкуренцијата и трендови во индустријата во која работите, ако веќе не сте пренатрупани со работа како претходно. Тоа слободно време не е отворена покана за дружење на друштвените мрежи. Искористете го за размислување кое ќе доведе до идејата на кој начин ќе преживеете и ќе останете на работа.

Фирмите кои досега редовно ги доставуваа канцелариските материјали потребни за вашата работа ја откажале услугата, затоа што фирмата не ги решила сметките.

Решение: Разговарајте со претпоставените и информирајте ги за вашата состојба. Морате да им дадете до знаење дека причината за одредени работи што не се направени не е ваша одговорност, туку настанале поради немаење на материјали.

Имате добиено известување дека на сметката ќе примите само дел од платата, со ветување дека остатокот ќе биде исплатен многу наскоро.

Решение: Прилагодете ја вашата биографија и почнете да барате нова работа. Известете ја банката и другите служби дека кредитот и сметките ќе ги платите кога ќе го земете целиот износ од платата. Експертите советуваат и разговор со менаџерите за да дознаат можете ли нешто вие да направите за да работата биде подобра. Вклучете се во барање на решение наместо да само седите и чекате исплата.

Вашиот шеф неколку пати се појавил во костум „за разговор“ и наводно имал неколку важни состаноци иако ги немал на распоредот за тој ден.

Решение: Ова не мора да биде лоша вест. Можеби ќе ви се отвори подобро работно место. Искористете го тоа како предност и уверете ги лицата кои одлучуваат дека сте на висина на задачата и дека сте апсолутно запознаени со сите аспекти од работата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1